Над 24 илјади Македонци ја напуштиле земјата во 2015 та и заминале во потрага за подобар живот во Германија покажуваат анализите на Дојче Веле повикувајќи се на германски извори.

Од нив 12 илјади останале, со што бројката на доселеници се приближува до рекордни 100 илјади.

Податоците укажуваат на тоа дека трендот на масовно иселување од Македонија во Германија рапидно расте а аналитичарите велат дека главната причина за тоа се слабиот стандард во Македонија и потрагата за подобри услови за живот.

Забелешките на МОФ исто така се однесуваат и на различните статистики кои институциите ги даваат од другите земји споредбено со оние кои ги пласираат македонските со што велат наместо да се детектираат проблемите тие дополнително растат .

24 вести денеска побара статистички податоци и од МВР но до затворањето на прилогот одговор не добивме за да направиме споредба дали бројките одговараат со оние кои се пласираат од Германија. 

Меѓу регистрираните македонски државјани во Германија особено е голем бројот на оние од  20 до 45 годишна возраст . 38 илјади македонски државјани на оваа возраст се жители на Германија. Во статистичките податоци не се опфатени ниту македонските граѓани кои поседуваат пасоши на некоја друга земја членка на ЕУ. 

Во 2009 година бројката на Македонци во Германија изнесувала скоро 63 илјади, тоа значи дека во шест години од 2009 до 2015 над 32 илјади Македонци ја напуштиле својата земја и се доселиле во Германија. 

И Светска банка во едно од своите статистички истражувања укажуваше на тоа дека до 2010 година Македонија имала над 400 илјади иселеници.

 http://24vesti.mk/raste-brojot-na-gragjani-koi-se-iseluvaat-od-zemjata

Leave a comment