Кога се соочуваме со токсични луѓе најдоброто решение е едноставно да заминеме или да ги избегнуваме што е можно повеќе. Но, кога станува збор за токсични членови од семејството или блиски соработници со кои делиме ист простор, не е така лесно.

Таквите луѓе може да ги забележите кога ќе сфатите дека имаат негативен ефект на целокупната благосостојба. Тие може да ни ја истрошат енергијата со различни типови на однесување, без разлика дали е тоа константно критикување, љубомора, злонамерно манипулирање и постојана потреба од вас, сето ова штети на емотивното и менталното здравје. Еве 5 тактики како да се справите со ваквите однесувања од блиските:

Не го сфаќајте нивното однесување лично: кога токсичните луѓе сакаат нешто од вас или им е потребно оправдување затоа што направиле нешто лошо, тие вината ја префрлаат на личноста со која се обидуваат да манипулираат. Ако ги префрлите нивните однесувања на себе при што ќе се идентификувате со нив, најверојатно ќе почувствувате вина, што и им е нивната цел. Но тоа не значи дека сте направиле нешто, туку тие само се обидуваат да ви влезат под кожа. Тогаш морате да си застанете зад себе и да не се идентификувате со проблемот.

Посочете им дека нивното однесување нема да го толерирате: често затоа што е најлесно избегнуваме конфронтација. Но, кога се справуваме со токсична личност, најчесто конфронтацијата е единствен начин да се справиме со ситуацијата. Ако се однесуваме како да е сѐ во ред , тоа им дава сигнал дека може да продолжат со однесувањето, што ги прави нештата уште полоши. Соочете се и оставете ги да знаат дека одредено однесување не треба да го применат на вас и дека ако продолжат со тоа нема да бидат дел од вашиот живот.

Можеби тие не се толку лоши луѓе колку што се лоши за вас: кога зборуваме за токсични блиски од семејството, тие обично не се злобни. Дури и најдобронамерните и добри луѓе може да се токсични за вас, а тоа да не го препознавате. Особено ова се случува кога ја жртвуваме нашата среќа со што нашите приоритети ги ставаме последни. Добро е да имате безбедна дистанца, затоа што вашата среќа е најважна.

Не се спуштајте на нивно ниво, простете им: токсичните луѓе може да ве направат повознемирени и пофрустрирани од кога било, па ако реагирате на отровот тие само ќе ја зголемуваат дозата. Ако можете, простете им и продолжете напред сами. Не ја акумулирајте нивната негативна енергија. 

Кога нешто е неуспешно, оставете го: Ако сте се обидувале да најдете лек за ситуацијата, но но дошло до напредок, некогаш најдоброто нешто што може да го направите е да тргнете по различни патишта. Вие може да се обидувате многу, но ако таа личност не е подготвена за промена или не сфаќаат колку се токсични, нема да се променат ниту со повеќе напор. Вие сами знаете што ви е во интерес, па не оставајте никој да ви стои на патот кога ја креирате вашата среќа.

Leave a comment