Сигурно некогаш сте биле во дилема во која редица да чекате ред за да стигнете побрзо на каса. Сите сме калкулирале со очигледните факти за да може да знаеме која редица ќе се движи најбрзо.

Постои едноставен трик со кој најбрзо ќе бидете услужени во Супермаркетот: наместо да ги броите производите што купувачите ги имаат во кошниците, избројте ги само луѓето во редицата.

Истражувањата откриле дека дури и за најполната кошница се потребни 40 секунди за се регистрираат бар кодовите за наплата. Сепак, процесот на плаќање трае просечно 41 секунда. Она што одзема време овде е типот на плаќање, враќање на пари и тргнување од редот.

Значи, бројот на производите во корпата е неважен, треба да се бројат луѓето за поточно да се искалкулира времето. 

Следен пат кога ќе бидете во супермаркет, иако е против вашата интуиција, барајте го редот со најмалку луѓе и не гледајте во корпите.  

Leave a comment