Секој родител се грижи за своето дете најдобро што може и умее и посакува сѐ најдобро за него. Сепак, одредени однесувања на родителите може да ги држат децата чекори назад од успехот:

Ги обесхрабруваат да пробаат нови работи

Понекогаш родителите имаат добри намери со забраните, но истовремено може и да имаат верувања дека детето нема да успее. Овој неуспех е дел од живото и важно е детето да проба и да научи да губи и да победува што ќе се одрази подоцн во животот.

Наметнување на премногу обврски

Ако им задавате задачи и обврски на детето што тоа  способно да ги прави, и треба да ги прави  за да помага, како на пример миење садови или перење, го спречува детето да се концентрира на своите цели. Повремено давање задачи е во ред, но не претерувајте.

Фалење за мали работи

Верувале или не, ако практикувате да го фалите своето дете за секоја ситница тоа може да му пречи подоцна на патот до успехот. Да го фалите своето 8 годишно дете дека добро се облекло не е во ред. Фокусирајте се на подолемите постигнувања.

Обесхрабрување во полето на пријатели

Бројни истражувања покажале дека децата чии родители им помагале да формираат ефективна мрежа на пријатели се поуспешни. Силната мрежа на пријатели е важна за децата особено во стресни моменти.

Постојано набљудување

Постојаната опсервација на децата не е добра. Ова може да предизвика детето да се сомнева во своите способности и да се плаши да презема ризици. Оставете го да работи посамостојно.

Престрого однесување од родителите

Престрогото родителско однесување може да предизвика емотивни потешкотии подоцна во животот и помала само-контрола. И пошироки граници се доволни за децата што ќе придонесе да бидат послободни и да не се под стрес од престрогите родители.

Обесхрабрување на изразување на емоции

Здравата врска меѓу детето и родителот е важна и за двајцата. Разговарајте со него за негативните емоции за полесно да може да ги разбере и да се снајде во иднина.

Не се применува што се научило 

Родителите често се со многу правила и барања, но децата во случајот се во улога на набљудувачи – тие оценуваат колку вие го применувате тоа што го зборувате. Така може да се збунат и да не знаат што е правилно.

Leave a comment