Бакнувањето е изразување на романтична љубов. Освен тоа ослободува од стрес. Човечкото тело и биологија се многу комплексни, па во прилог прочитајте неколку интересни факти за бакнувањето.

 

1.         Човечките усни се различни од усните на сите други животни затоа што се превртени кон надвор.

2.       Луѓето не се единствениот вид што се бакнува. Големите мајмуни ги притискаат усните заедно во знак на возбуда, допаѓање или помирување.

3.       Според антропологот Ван Брајант од Тексас, бакнувањето е однесување што се учи.

4.       Римската војска вовела бакнување во многу земји во кои тоа не се практикувало. Потоа Европските истражувачи ја продолжиле традицијата.

5.       Најраниот литературен доказа за бакнување се наоѓа во северно индиските ведски санскритски текстови, од пред 1000 до 2000 години. Таму се споменува дека љубовници си ги ставиле усните една на друга.

6.       Науката за бакнувањето се вика филематологија.

7.       Добрата хемија при бакнување со некого може да значи дека ќе имате здрав потомок.

8.       Просечно, една личност минува 20.160 минути (две недели) на бакнување во животот.

9.       На 5-6 јули во 2005, еден пар во Лондон ги запечатил усните во бакнеж 31 час, 30 минути и 30 секунди.

 

10.  Допаминот, неуротрансмитер поврзан со чувството на желба и награда, рапидно се зголемува како одговор на романтично искуство, што објаснува зошто бакнувањето со некого прави да се чувствуваме толку посебни.

Leave a comment