Зен е школа на будизмот Махајана. Ова учење го претставува достигот на самопознание и личните експресии на директни разбирања на Будистичките учења. Ние ви нудиме 20 зен изреки што содржат и доза на сарказам.

1.    Не оди зад мене, за да не можам да водам. Не оди пред мене, за да не те следам. Не оди ни покрај мене. Само остави ме сам.

2.    Патувањето од илјада милји започнува со скинат колан и оштетена гума.

3.    Секогаш е најтемно пред разденување. Така, ако планирате да го украдете весникот на соседот, тогаш е најпогодното време.

4.    Не биди незаменлив. Ако не може да бидете заменливи, не може да бидете унапредени.

5.    Имајте на ум секогаш дека сте уникатни, исто како и сите други.

6.    Никогаш не ја тестирајте длабочината на водата со обете нозе.

7.   Ако мислите дека никој не се грижи за Вас дека сте живи, обидете се да пропуштите да платите неколку трошоци за автомобилот.

8.  Пред да критикувате некој друг, потребно е да изодите една милја во нивните чевли. На тој начин, кога ќе ги критикувате, вие сте на една милја оддалеченост од нив и ги имате нивните чевли.

9.    Ако од прва не успеете, летањето со падобран не е за вас.

10.  Дајте му на човек риба и тој ќе има јадење за еден ден. Научете го да лови риба и ќе седи во бродот да пие пиво цел ден.

11.  Ако дадете на заем некому 20 долари и никогаш повеќе не ја сретнете таа личност, веројатно вредело.

12.  Ако ја кажувате вистината , не мора ништо да паметите.

13.  Сите изгледаат нормални додека ги запознаете.

14.  Најбрзиот начин да ги дуплирате парите е да ги превиткате на половина и да ги ставите назад во џебот.

15.  Во затворена уста не влегува стопало.

16.  Има две теории за спорење со жените. Ниту една од нив не функционира.

17.  Генерално кажано, не учиш многу кога ти се движат усните.

18.  Искуството е нешто што го добиваш откако веќе не ти е потребно.

19.  Никогаш не испуштај добра шанса да замолчиш. 

 

20.  Никогаш, во никој случај не земај таблета за спиење и лаксатив во исто време.

Leave a comment