Погледнете околу себе. Светот е полн со приказни. Секој има една. Дури и на нивните прсти. Само треба да погледнете многу одблизу за да ги видите.

 

Видете и сами на сликите подолу. Овие прстени се направени од германската артистка Изабел Кифхабер и истите се достапни за продажба на Etsy. Направени се сосмола и секој од нив отсликува различно мало тајно сценарио. Еден од нив содржи човек кој скија. Друг има пар кој игра тенис. Дури има еден во кој има двајца кои разменуваат нежности на клупа. Или, можете да имате стадо овци на прстот.

„Обожавам да дизајнирам“, вели Изабел на нејзинот Етси профил. „Обожавам да работам прецизно и со моите раце. И обожавам уникатен накит. И ако ги погледнеме сите овие прекрасни прстени, дефинитивно ја споделуваме таа љубов!

Сакате дизајн што не го гледате на нејзиниот профил? Не грижете се затоа што Изабел прима нарачки. Само пратете ѝ е-меил и кажете ѝ ја Вашата приказна.

 

Повеќе информации на: Etsy | Geschmeideunterteck.de (H/T: Bored Panda)

 

 

665 comments

Leave a comment