Палетите во секоја индустриска населба се најнепосакуваните нешта и буквално се фрлаат на улица. Многу архитекти и дизајнери се обидувале да им најдат некоја примена во нивните дела, но никој не успеал да го достигне ова.

Во Амстердам, Холандија фирмата MOST Architecture за потребите на агенцијата BrandBase, создале уникатен и потполно употреблив канцелариски простор со нивна помош.

 

Сите работни и конференциски маси, подот, па дури и скалите се изработени од палети во комбинација со стакло, метал и дополнителни штици. Интересната замисла, со уште подобра реализација, претставува одличен работен простор во кој вработените со полн елан и мотивираност можат да ги вршат своите задачи.

Leave a comment