Иако необична, оваа дневна соба е дизајнирана со вкус, без да изгуби од својата практичност. Мора да се признае дека ова е доста освежувачки пристап во внатрешното уредување.

 

 Андреј Сапирежински и Лукаш Сјодомок од студиото за дизајн LA во Полска направиле неверојатно уникатен мебел од автомобилски делови. Најновата колекција „Духот на 427“ се базира на браници, отвори за гориво, светла и кожа од Бентли и Ферари од 60-тите години. Од овие делови се направени софа, фотелја, масичка за кафе, работно биро и ламба. Секако, сиот мебел е рачно изработен од оригинални автомобилски делови, а инспирација за оваа колекција е AC Cobra 427.

 

 

 

Leave a comment