Добрата фотографија зависи од многу нешта. Неколку работи на кои можете да се фокусирате при фотографирањето можат да направат значителни подобрувања во вашето фотографско искуство.

Ќе се задржиме на планирањето и одлучувањето за време на фаќањето фотки, што по некое време ќе ви стане природно и воопшто нема ни да размислувате додека го правите. Додека да дојдете до овој степен, имајте ги следниве 10 трикови на ум:

1. Користете широкоаголни леќи

Обидете се да користите широкоаголни леќи ако сакате да оставите впечаток со големината на она што го фотографирате. Иако можете да фотографирате пејзажи со различни леќи, перспективата ќе биде најдобра доколку користите што поширокоаголна леќа бидејќи таа ќе овозможи поголем агол на гледање.

2. Изострете ги објектите

Објектот што го фаќате мора да биде остар, прецизен. Острите детали во сликата ги привлекуваат очите на гледачите точно кон предметот. За да направите остра фотографија во услови на слаба светлина користете статив. Користете ги и ефектите на изострување достапни во додатокот Adobe Camera RAW, кој може да ви заврши одлична работа, особено последната верзија која има значителни подобрувања во однос на претходните.

3.Чиста позадина

Позадината може или да ја направи или да ја уништи вашата фотографија, затоа внимавајте што ќе изберете како подлога за вашиот предмет. Позадината треба да биде чиста, едноставна и уредна. Мислете на тоа што треба да биде во фокусот на гледачот.

4. Зад секоја добра фотка стои сонцето

Позиционирајте се така за сонцето да ви биде одзади и сончевата светлина да паѓа врз вашиот субјект. Освен ако не се обидувате да направите уметничка фотографија од сонцето, тоа треба секогаш да биде зад вас.

5. Светлосни траги

Направете добри урбани фотографии во услови на рана зора или доцна навечер со оставање светлосни траги по нив. Користете ги возилата во движење или кој било извор на подвижна светлина за да додадете интересност, расположение и драматичност во вашите фотографии.

За да направите ваква фотографија, потребно е да ја поставите камерата на статив, да наместите долга експозиција и по можност да користите далечински управувач за да постигнете попрецизен резултат. Ваквите фотографии им се омилени на многумина.

932 comments

Leave a comment