Вежбањето е еден начин за тоа како полесно да дојдеме до посакуваната витка линија, тоа сите знаеме, но постои еден трик што ќе го зголеми ефектот од вежбањето - гума за џвакање!

Имено, група јапонски научници дошле до заклучок дека едноставната активност како што е џвакањето на мастика - гума за џвакање при пешачење, може многу да придонесе за губење на тежината.

Тие спровеле експеримент на 46 мажи и жени на возраст од 21-69 години кој покажал дека луѓето кои џвакаат гуми за џвакање оделе 12 метри повеќе, а отчукувањата на срцето им се зголемиле за три пати.

"Комбинацијата на вежбање и џвакање на мастика ќе доведе до побрзо губење на тежината. За Јапонците ова значи многу, бидејќи брзото одење е најпопуларна активност кај нив", изјавено е во Виена на Европскиот Kонгрес за дебелина.

"Дебелината стана епидемија која води до многу сериозни болести. Потребни се превентивни методи, но и лечење на таа појава. Гумата за џвакање ја стимулира активноста на нервите, го зголемува срцевиот ритам и потрошувачката на енергија. Вежбањето ја зголемува потрошувачката на енергија, а џвакањето на мастики при вежбање го прави тоа уште повеќе", објаснуваат јапонските научници.

 

Извор на веста: ljepotaizdravlje.hr

Leave a comment