Дијабетис или шеќерна болест е нарушување на шеќерот во крвта и еден од поголемите проблеми кај јавното здравје.

 

Поради промени во начинот на живеење, и помладите луѓе заболуваат од дијабетес. Симптомите на дијабетес често се сокриени и на пациентите им треба подолго време да сфатат дека патат од токму оваа болест.

Меѓународната дијабетолошка федерација проценува дека бројот на пациенти до 2035 година ќе надмине 590 милиони.

Најчестите симптоми на дијабетес се:

-       Слабост;

"Ако постојано се чувствувате слаби и уморни, тоа може да биде прв симптом на покачен шеќер", вели д-р. Deena Adimoolam.

-       Главоболка;

Бидејќи главоболките се чести појави на денешнцата важно е да знаете кои главоболки ги доживувате (на пример, мигрена).

Сепак, секоја хронична главоболка треба да биде причина за посета на лекарот.

-       Заматен вид;

Прекумерната гликоза во крвта може да доведе до влошување на видот.

-       Постојана потреба за мокрење

Гликозата, исто така, влијае на бубрезите, па потребата за мокрење се зголемува.

-       Жед и сува уста

Покачен крвен шеќер е исто така ја зголемува потребата за течност.

-       Проблеми со концентрацијата

-       Зголемен глад

-       Збунетост

-       Останување без здив

-       Гадење и абдоминална болка

 

Извор на веста: ljepotaizdravlje.hr

Leave a comment