Pipebraid е начин на плетење на косата што не сме виделе претходно.

Нема сомнеж дека Coachella го означува почетокот на фестивалската сезона, заедно со неверојатните изведби (се разбира, зборуваме за Beyoncé), кои исто така, носат со себе сосема нови модни трендови.

Многу од изгледите кои беа забележани на Coachella ќе станат летни трендови, редовно ќе се појавуваат на забави и настани во текот на целата сезона. Минатата година се' беше во знакот на space buns, но за 2018 година се чини дека вниманието ќе е насочено кон pipe braid - извиткување на француската плетенка која изгледа многу кул.

Изгледот беше создаден од стилистот за коса, Ники Велш,а беше и забележан на фестивалот Coachella, кај Викторијас Сикрет моделот, Romee Strijd.

Изгледа комплицирано, но всушност е лесно да се рекреира дома, а исто така би бил добар изглед за на плажа или во фитнес салата - во секој момент кога и да се чувствувате жешко и испотено и косата Ви смета на лицето. Може да се носи како единечна или комбинација од повеќе плетенки, и неуредна или уредна.

Погледнете ја целосната постапка за плетење на оваа pipe braid:

Leave a comment