Откако се појави трендот таканаречен “суперхрана”, луѓето едноставно се опседнати со идеата за здрава исхрана.

За жал, не можат сите да си приуштат акаи бобинки, било какви алги и вода од кокос. А за среќа, постојат различен број на овошја и зеленчуци кои се подеданкво добри за Вас.

Зелен лиснат зеленчук

Кељот стана популарен пред неколку години и е навистина здрав додаток за секаква исхрана. Лиснатиот зеленчук е богат со фолна киселина и витамин К. Еден добар избор за ваков зеленчук е таканаречената iceberg салата која има многу хранливи влакна, но уште подобар избор е спанаќот. Луѓето за жал не сфаќаат дека кога таквите зеленчуци ги ставаат во блендер, се губат повеќето растителни влакна. Затоа нутриционистите потенцираат на јадење, а не на пиење на тие намирници.

Маслиново масло

Иако кокосовото масло се смета за супер храна, не се согласуваат сите нутриционисти дека тоа ја заслужува таа титула. Напротив, некои мислат дека нема никаква корист во готвењето, туку само можат да го подигнат нивото на холестерол во крвта. Многу подобра алтернатива е маслиновото масло.

Банани

Со оглед на тоа дека се толку достапни, никој претерано ни ги возвишува. Кокосовата вода е богата со магнезиум, фосфат и калиум, ама ништо повеќе од тоа колку што имаат бананите, единствено што ќе ја платите многу повеќе.

Авокадо

Луѓето лудуваат за здрави шејкови во прав, а не знаат дека истите состојки, само многу поздрави можат да ги најдат во намирниците како што се јајца и авокадо.

 

Извор на веста:ljepotaizdravlje.hr

Leave a comment