Детоксикација и губење на тежина се двата поими кои се најмногу пребарувани на веб страните, веднаш после новогодишните празници. Нашето тело апсорбира премногу храна од вообичаено, затоа време е да се вратиме во нормала.

Но решението на проблемот не е веднаш детоксикација, чистење на организмот.Британските лекари предупредуваат дека радикалните мерки никогаш не се добри за телото.

Хидратација

Треба постепено телото да го навикниме, најпрво започнете со дополнително хидрирање на организмот. Пијте повеќе вода, бидејќи тоа ќе ви помогне побрзо да ги отстраните токсините од телото кои се задржуваат во организмот. Покрај вода, зелениот чај е ефикасен против отровите, па пијте најмалку една чаша чај дневно. Внесот на витамин Ц е од најголема важност кога станува збор за детоксикација на телото. Овој витамин се наоѓа во лимонот, а експертите препорачуваат денот да го започнете со чаша свежо исцеден лимон разреден со топла вода, без шеќер. Оваа чудотворна чаша ќе го забрза варењето и секако добро влијае на црниот дроб и на целото тело.

Овошје и зеленчук

Вклучете здрава храна во вашата исхрана. Јадете овошје и зеленчук секој ден, во оброците вметнете житарки, пченка, ориз , рж , просо … Земајте суплементи на витамин Ц и Б-комплекс, бидејќи токму тие се губат ако консумирате алкохол или сте под стрес. Јадете свежа зелена салата, домат и краставици два пати дневно. Помагаат и здрави грицки, како несолен бадем ( или други јатки) помеѓу оброк.

Оброци

Доколку можете избгнувајте шеќер и вештачки засладувачи, користете стевија, бидејќи ова растение нема лоши ефекти на нивото на шеќерот во крвта. Колачите нека бидат со суво овошје, јаткасти плодови, какао и црно чоколадо. Избегнувајте маргарин и воопшто храна со трансмасни киселини, бидејќи ја забавуваат детоксикацијата, дебелеат и тешко се варат. Исто така, избегнувајте храна која содржи вештачки бои, адитиви и конзерванси, како сувомесни производи.

Спортски активности

Процесот на детоксикација дополнително поттикнете го со квалитетно спиење. После две недели со ваков третман телото ќе даде резултати и ќе може да се превземат поголеми мерки како што се спортските активности. Започнете со некои почетни вежби: пилатес, вежбање јога или почестете се со масажа или сауна за преку потење да се ослободите од штетните токсини од организмот.

Правилната детоксикација може да има позитивни ефекти како намалување на килограмите, зголемена виталност и енергија, подобра циркулација, концентрација и подобра работа на срцето.

 

 

Leave a comment