Денес е 1-ви декември, светскиот ден за борба против СИДА. За да се заштитите од оваа болест, најважно е да бидете добро информирани.

 

Ова се неколку основни факти што треба да ги знаете:

Мит 1: Може да добијам  ХИВ ако се дружам со луѓе кои имаат ХИВ

Факт: Истражувањата покажале дека  ХИВ не може да се добие преку допир, солзи, пот и плунка. ХИВ не се добива доколку  работиме или се дружиме со ХИВ позитивни личности. Нема ништо лошо  да се дружиме со нив.

Мит 2: Нема да добијам ХИВ ако партнерот не ејакулира во мене при незаштитен однос

Факт : ХИВ вирусот е присутен при незаштитен однос. Со употреба на кондом, вие сте заштитени да не се инфицирате со ХИВ вирусот, но исто така внимавајте да не дојдете во допир со заразена крв на било кој начин.

Мит 3: Сексот е безбеден ако и двајцата партнери се ХИВ позитивни

Факт: Многу е важно да се користи кондом и ако двајцата партнери се инфицирани од вирусот. Затоа што постојат различни поттипови на вируси.

Мит 4: ХИВ не може да се добие преку орален секс

Факт: Ако личноста има орален сексуален однос со ХИВ позитивен партнер постои можност од инфекција. Треба да се избегнува орален секс во случај на исекотини, рани и гребнатинки на генеталиите. Се препорачува користење кондом при орален секс.

Мит 5: Ифекцијата ХИВ значи сигурна смрт

Факт: ХИВ е хронична неизлечлива болест, но тоа не значи дека е смртоносна. Со HAARTтерапијата (Highly active antiretroviral therapy-HAART), вирусот може да се контролира.

Мит 6: Најдобро е со кондомот да се земаат и лубриканти

Факт: Креми, масла и лубриканти базирани на масла, може да предизвикаат пукање на кондомот. Само лубриканти на база на вода може да се земаат при користење на кондомот.

Мит 7: Жена инфицирана со ХИВ не може да роди здраво дете

Факт: ХИВ и бременоста можат да продолжат на свој начин, без многу да влијаат еден на друг. Бременоста не ја забрзува прогресијата на инфекцијата кај жените кои се во рана фаза на развој на болеста. Според статистичките податоци, бројот на компликации од бременоста во овој случај кај инфицираните жени е речиси не повеќе од оној на жените без ХИВ. Единствен исклучок е дека бактериската пневмонија почесто се дијагностицира.

Мит 8: ХИВ и СИДАТА се иста болест или две различни болести.

Факт: СИДАТА е акроним за Синдромот на стекнат имунолошки дефицит што значи дека е намалаена способноста на телото да се брани од инфекции. Некои луѓе се раѓаат со слаб имунитет, а кај другите слабее со текот на годините или заради некоитешки болести. Постои разлика помеѓу поимите - ХИВ позитивно лице и лице болно од СИДА. Хив позитивнотолице е заразено од ХИВ вирусот што не значи дека има СИДА. До појавата на болеста може дапомине период од две до десет години. ХИВ позитивно лице може да изгледа потполно здраво,способно за физичка работа или било која друга активност.

 

 

67 comments

  • lebron 13 low lebron 13 low 13 Dec 2017

    Thanks for all of your work on this website. My mom enjoys setting aside time for internet research and it's easy to see why. Most of us learn all concerning the compelling mode you make good tips on the blog and as well as foster contribution from people on that concept plus our favorite child is certainly discovering a whole lot. Take advantage of the remaining portion of the year. You are performing a glorious job.

    Reply
  • Adidas NMD R1 Original Boost Runner W Maroon Adidas NMD R1 Original Boost Runner W Maroon 13 Dec 2017

    WONDERFUL Post.thanks for share..extra wait .. ?

    Reply
  • adidas nmd adidas nmd 13 Dec 2017

    I definitely wanted to develop a simple message so as to thank you for some of the stunning points you are writing on this website. My particularly long internet research has finally been honored with professional suggestions to exchange with my great friends. I would repeat that most of us website visitors actually are extremely lucky to dwell in a good network with many brilliant individuals with good basics. I feel rather privileged to have encountered the site and look forward to some more pleasurable minutes reading here. Thank you once more for all the details.

    Reply

Leave a comment