Долгата коса е цел којашто многу жени сакаат да ја постигнат. Комбинирањето на одредени шампони, маски, и останати препарати, заедно со Вашата исхрана може да помогне за побрзо раастење на косата.

Лосос: Омега-3 масните киселни кои ги има во оваа риба ги зајакнуваат фоликулите и го поттикнуваат растот на косата. Научните експерименти покажале дека употребата на производи кои ја содржат оваа киселина ја скратуваат телогената фаза (период на релаксација на фоликулите на косата) за половина година.

Освен тоа, лососот го содржи витаминот Б12 и железо, коишто помагаат да Вашата коса расте побрзо.

Остриги: Остригите имаат доста цинк, поради кој косата расте побрзо и добива сјај. Дневното внесување на остриги и тоа како ја надокнадува потребата на овој елемент. Секако, скоро е невозможно секојдневно да се конзумира овој деликатес. Но можете да ги замените со пченица, говедско, (особено џигер) или свинско месо, со оглед на тоа дека и оваа храна содржи доволно цинк.

Пилешко месо: Пилешкото месо е богато со протеини од животинско потекло, а тие протеини нам ни се потребни за производство на кератин, материја од која се состои косата. Недостатокот на протеини за само 2-3 месеци доведува до престанок на растот на растот на косата, како и губење на истата. Останатите видови на месо, како што се мисиркиното и зајачкото исто така содржат доволно животински белковини.

Јајца: Јајцата содржат елементи како протеин и биотин кои се потребни за раст на косата, како и за одржување на нормална состојба на косата. Биотинот се препорачува како адитив за храната со кој би се спречило губењето на косата. Освен тоа, јајцата содржат леуцин и други аминокиселини кои и се потребни на нашата коса.

Бадеми: Бадемите содржат витамин Е кој го активираат растот и ја зајакнуваат косата. Триесет грама бадеми содржат околу 70% од дневната норма. Освен тоа, бадемите содржат корисни состојки како биотин, масни киселини и витамин Б.

Семки од тиква: Семките од тиква содржат витамини Б1, Б2, Б3, и Б4 кои се одговорни за растот на косата, како и Б5 и Б6 кои го одржуваат здравјето на скалпот. Доколку имате сериозни проблеми со губитокот на коса, треба да конзумирате повеќе масло од тиква затоа што помага дури и кај тешки облици на оваа болест.

Леќа: Леќата е рекордер кај производите кои содржат железо кое пак е еден од најбитните елементи за здрав раст на косата. Освен тоа, таа содржи цинк и колин кои го нормализираат дотокот на крв, како и останати корисни елементи.

Leave a comment