Кога станува збор за Вашето дентално здравје, покрај конецот и пастата за заби, многу е важно да им се придаде значење и на намирниците кои ги регенерираат забите.

 

Авокадото е добро за сјајна кожа, протеините за изградба на мускулите, а за поздрави заби, освен секојдневна употреба на конецот за заби како и нивно задолжително миење двапати дневно, треба да се внимава и на намирниците кои ги внесуваме во нашиот организам, предупредува д-р Стивен Лин,откривајќи дека на листата на намирници кои го чуваат денталното здравје се путерот, саламата и меките сирења. На својата интернет страна пишува како бројни пациенти кои редовно ги мијат своите заби, два или повеќе пати дневно како и користат конец побрзо завршуваат во стоматолошките ординации со кариес отколку оние кои не водат толку внимателна грижа за хигиената на своите заби.

Тој тврди дека сетоа тоа зависи од намирниците кои ги внесуваме во нашиот организам.

Забите се витални, живи органи и истите бараат правилна искрана, со цел да се регенерираат и да се одржат на количината на глеѓ која одговара за нив и за забните коски. Без правилна исхрана тие ќе се борат да останат цели и неоштетени, кажува австрискиот стоматолог. Доколку конзумирате многу витамини и минереали, забите ќе се регенерираат по природен па и ќе бидат цврсти и здрави. Но има недостаток од здравите состојки кои треба да се внесуваат, бактериите и киселините на усната шуплина ќе го спречат природниот процес, и ќе предизвикаат на побрзо паѓање на забите.

Не се само шеќерите тие коишто предизвикуваат кариес, туку и недостатокот на хранливи материи кои ги зајакнуваат забите. За жал, лошата исхрана преовладува во модернатазападна прехрана, изјавува доктор Лин.

За да забите бидат здрави, во организмот треба да се внесуваат многу витамини и тоа: А, Д, K2, и витамин 2.

Витамниот “A” може да се најде во телешките џигерчиња, рибите, млекото и јајцата, а витаминот Дво помрсните риби, печурките и полономасните млечни производи.Витаминот К2 го има во меките сирења, јајцата, путерот џигерчињата и саламите, а доддека витамниот “E” во спанаќот брокулата и оревите.

За здрави заби се препорачува и конзумирање на цврсти намирници поради тоа што тие влијаат на мускулите на вилиците што пак овозможуваат џвакање на храната како и лачење на плунка, а плунката ги штити забите и ги смалува киселните во устата. Пример за ваква храна е целерот. Не само што има потреба од негово дополнително џвакање, туку истиот е и намирница која ги масира небцата и го чисти просторот меѓу забите.

Доаѓаме до заклучокот, дека балансирана и хранлива искрана ќе резултираат со здрави заби, но и со витко тело и сјајна кожа.

 

 

Leave a comment