Вратете го стариот сјај на кожата. Преку овој домашен трик ќе ги израмните брчки за 7 дена!

 За жал, појавата на брчки е неизбежна кај секоја жена, па тоа е нешто за што почнуваме да се ангажираме, преку користење на различни креми, методи и козметички третмани.

 

Не секогаш најскапиот крем гарантира комплетно решение против нерамнините на лицето, поготово што кожата брзо се навикнува на кремот којшто го купуваме и од истиот не секогаш ги добиваме очекуваните резултати.

Ако имате време и желба дома да подготвувате креми против брчки, тогаш би можеле да го искористите нашиот рецепт. Оваа домашна крема е идеално средство за нега на кожа, хидрира, го разубавува тенот, ги намалува брчките и го успорува процесот на стареење на кожата. Нејзината предност - природните состојки и безбедноста.

Таа одговара на сите типови на кожа. Видливи резултати за 7 дена. Оние, кои си ја сакаат својата кожа, со сигурност ќе ја засакаат оваа крема.

 

За припрема на кремата ќе Ви биде потребно:

-1 супена лажица бадемово или маслиново масло

-1 жолчка

-2 чајни лажици вазелин

 

Припремање на кремата:

Вазелинот стопете го на водена пара. Ќе Ви бидат потребни неколку минути. Тргнете го од Вашиот шпорет и додадете ги: медот, жолчката и маслото. Внимателно промешајте неколку минути додека не добиете хомогена смеса. Ставете го во кутија, може и од веќе искористена крема, во кутија од 50мл. Полека, преку масажа нанесете ja на Вашата кожа. По 30 минути, остатокотот кремата отстранете го со памук намокрен со минерална вода, или влажно шамивче за лицето.

 

Напомена:

За да се впие, на кремата и е потребно повеќе од еден час, па треба да ја нанесете на Вашето лице два часа пред спиење. Чувајте ја во фрижидер, а кога ќе ја потрошите, повторете го истиот процес, доколку Ви се допаднала. Бидејќи состојките се природни, немојте веднаш да правите двојна мера, во случај да се расипе.

Leave a comment