Изразените кругови под очите не е лесно целосно да се отстранат, но со соодветно избрани производи и добра шминка рутински може да ги направите речиси невидливи.

 

 

1. Коректорот треба да биде кремаст

Густиот коректор со кој ги криете флеките под очите нема да изгледа добро. За подрачјето под очите, потребен ви е кремаст коректор кој убаво ќе се вклопи со кожата.

 

2. Крем за подрачјето околу очите

Коректорот на сува кожа нема да изгледа добро па, пред неговото нанесување, на темните кругови нанесете малку крем со тапкање наменет за оваа областа. Ако немате  може да  користите и обичен хидратантен крем.

 

3. Внимателно изберете ја нијансата

Жените често избираат најсветла боја на коректор со цел визуелно да ги “осветлат” темните кругови, но со тоа само  привлекуваат повеќе внимание на нив.

Добриот коректор треба да биде за нијанса посветол од тонот на вашата кожа (не од бојата на вашите темни кругови) и да биде избран во согласност со тоновите на вашето лице. Значи, не избирајте розови нијанси ако сте топли.

 

4. Не ставајте премногу коректор

 

Прекумерните количини на шминка, исто така, ќе привлечат внимание на темните кругови  и затоа секогаш добро натапкајте го со прстите или со четка и користете го само во мали количини.

Leave a comment