Ако немате здрави нокти, тогаш нема да имате ниту убави нокти.

Залудно е да се трудите да ги лакирате и да давате пари за скапи маникири ако ноктите постојано ви пукаат или имаат неправилен облик.

Понекогаш кршењето на ноктите може да биде од некои други внатрешни проблеми, но многу често и самите сме виновни за тоа, бидејќи недоволно се грижиме за нив.

 

Ова се неколку работи кои не смеете да ги правите ако сакате убави и негувани нокти:

 

Грицкање

 Покрај тоа што со грицкањето на ноктите внесувате нечистотии и бактерии во организмот и што ноктите изгледаат неуредно, тие се и посклони кон кршење.

 

Сечење на кутикулите

Кутикулите постојат со причина. Тие го штитат ноктот од бактерии. Никогаш не ги сечете, туку по секое туширање, благо поттурнете ги и ќе бидат под контрола.

 

Отрстранување на гел лакот

Секое отстранување на гелот, може да ја уништи површината на ноктот, посебно ако насилно го вадите. Затоа е најдобро тоа да го направите во салон, а не сами.

 

Користење на ноктите како „алат“

Сигурни сме дека некои мали работи полесно можете да ги отворите со нокт или да исчистите нешто стругајќи со ноктот, но со тоа ризикувате да ги оштетите, а може да биде и многу болно понекогаш.

 

Грубо чистење

 

Кога со остар предмет го чистите делот под ноктот, не само што може да го оштетите туку може да предизвикате и болно одвојување на плочката од месото. Подобро користете четкичка за нокти.

Leave a comment