Мачнини, нагон за повраќање и главоболки се само дел од симптомите кои може да се јават во првите недели на одвикнување од никотин.

 

Но, постојат природни лекови кои ја ублажуваат потребата за цигари или симптомите што се јавуваат во процесот на одвикнување на организмот од никотин.

Овие 3 лекови ефикасно ја намалуваат потребата за оваа лоша навика:

 

Стапче цимет

Кога имате потреба за цигара, земете едно стапче цимет и држете го во устата неколку минути како што држите цигара. Циметот делотворно ја убива потребата за никотин.

 

Листови босилек

Босилекот е силен антиоксидант кој делува против желбата за цигари. Секое утро и секоја вечер џвакајте 2-3 ливчиња свеж босилек. Босилекот ги лечи и здравствените проблеми кои настанале поради пушењето – го штити срцето и крвните садови и го зајакнува имунолошкиот систем.

 

Ѓумбир

За време на одвикнувањето од никотин може да дојде до мачнини и вртоглавици. Грицкајте свеж ѓумбир секогаш кога ќе почувствувате мачнина или по потреба пијте 1-2 шолји чај од ѓумбир дневно.

Leave a comment