Научници открија дека белите дробови не само што служат за дишење, туку и за производство на тромбоцити, крвни зрнца значајни за згрутчувањето на крвта, пренесува Макфакс.

Извештајот од истражувањата за оваа малку позната улога на белите дробови е објавен списанието Nature.

 

Експерти од Универзитетот во Калифорнија ги проучувале белите дробови на глувците и притоа дошле до сознанија дека тие произведуваат околу половина од  потребните тромбоцити, крвни зрнца што се од суштинско значење за згрутчувањето на крвта.

Долго време се претпоставувало дека повеќето од нив, ако не сите тромбоцити се произведуваат во коскената срж, односно само еден мал дел се произведува во белите дробови.

Сепак, научниците ја сфатија  важноста на белите дробови во производството на тромбоцитите, факт кој досега е  потценет. Тие дури откриле дека белите дробови се “резервоар на хематопоетски матични клетки кои доаѓаат на помош, кога бројот на тромбоцитите во коскената срж е намален”.

“Ова откритие ни дава многу пософистицирани увид во телото – во функцијата на белите дробови, кои не само што служат за дишење, но, исто така, учествуваат во формирањето на клучните компоненти на крвта”, вели еден од авторите на истражувањето Марк Луни.

“Она што го  забележавме кај глувците, најверојатно се однесува и на луѓето.”

 

Ако ова е точно, истражувачите веруваат дека ќе се најде подобар начин за лекување на болестите на крвта, но, исто така, ќе се зголеми ефективноста на трансплантација на белите дробови.

1669 comments

Leave a comment