Постојат огромен број на докази и студии дека најголем дел од болестите се резултат на потиснати емоции. Кога ќе се ослободиме од тие заробени негативни емоции можеме да го излечиме телото и умот, а секоја емоција влијае на различни делови на телото.

Многу е важна менталната компонента за тоа као ги процесираме емоциите, тесно поврзана со тоа како го толкуваме настанот. На пример, ако автомобилот се расипе на пат кон работата, може да се нервираме, но може и тоа да се сфати како знак дека треба да ја забавиме динамиката на живеење. Одлучувањето како да се чувствуваме за некоја психолошка емоција во телото е менталната компонента на поврзаноста меѓу телото и умот што одлучува како емоцијата ќе се одрази на телото.

Како негативните емоции се одразуваат на телото?

Класичната дефиниција на стресот е: секоја релана или имагинативна закана и одговорот на телото кон неа го сочинува стресот. Одговорот на стресот има влијание на имунитетот, хемијата во мозокот, нивото на шеќер, хормонскиот баланс и слично.

Негативните емоции ги насочуваат моменталните мисли кон специфична акција која предците ја користеле во функција на опстанокот. Така, може во одредена ситуација да изреагираме агресивно или да се повлечеме во себе. Во универзитетските студии се покажало дека стресот, негативните емоции, клиничката депресија, потиснувањето и слично влијаат и на клеточните и на лимфатичните индикатори на имуниот систем и функции. Одредени болести се тесно поврзани со негативните емоции: настинка, грип и херпес.

Како позитивните емоции влијаат на зравјето?

Кога чувствувате радост, среќа, возбуда, надеж, почит, или љубов телото ослободува ендорфини и окситоцин, хормони на среќа. За разлика од негативните емоции кои може да останат заробени во телото, позитивните емоции помагаат да се отстранат ефектите од негативните. Се верува дека поттикнуваат промените во клетките што го подобруваат нормалното функционирање на телото.

Leave a comment