Во време на брза и лесна храна, брза храна и генетски модифицирана храна, на телото му се наштетува многу во еден ден.

Но, не станува збор само за штетните состојки што се во многу производи, туку за тоа што храната прави на pH нивото на телото.

Човечкото тело треба да биде алкално, а ако се консумира таква храна телото станува покисело. Тоа ја менува pH вредноста во организмот, со што од нормална алкана средина станува кисела. Ова се одразува на имуниот систем и не прави поподложни на болести.

Ако сте загрижени на pH нивото во вашето тело, ние ви нудиме топ 5 продукти што го алкализираат:

1. Блитва: таа има антибактериски и анти-вирусни својства, како и способност да го ослободи телото од слободните радикали.

2. Диња: погодна е за чистење на дебелото црево и со pH ниво 8.5 тие се супер алкални. Лубеницата пак, е богата со влакна и е 92% вода.

3. Леќа: идеална е за замена за пченица. Ќе ве направи полни со енергија и е добра во превенција од ардиоваскуларни болести.

4. Маслиново масло: богато е со витамин Е и незаситени масни киселини.

5. Ленено семе: не само што се алкални, туку се и богати со влакна и витамин Е. Можат да имаат позитивно влијание на воспаленијата и топлите бранови во менопаузата.

Други алкални продукти

- Авокадо: има незаситени масни киселини за здраво срце;

- Банани: кога се зрели, тие се одлична супер-храна;

- Бобинки: содржат антиоксиданси;

- Моркови: содржат бетакаротен и го подобруваат видот;

- Лук: го регулира крвниот притисок;

- Брокула: добра е за холестеролот;

- Грозје: полно е со мултивитамини и антиоксиданси, го намалува крвниот притисок;

- Ананас: помага во губењето на тежината;

- Лимони: еден од најалкалните продукти, помагаат во настинка, кашлица и грип;

- Кисела зелка: содржи ферментирани пробиотици;

- Карфиол: здрава замена за леб;

- Манго: одлично за чистење на дебелото црево;

- Спанаќ: зеленчук со еден пакет витамини;

- Портокали: одлични при настинка;

- Папаја: одличен лаксатив за дебелото црево. 

Променете ги лошите навики во исхраната и превенирајте ги болестите или намалете го интензитетот на веќе постоечките.

Leave a comment