Ако погледнете наоколу на било кое јавно место денес, повеќето луѓе за жал поминуваат повеќе време со нивните паметни телефони отколку што се поврзуваат со луѓето околу нив.

 

Паметните телефони првично беа одличен начин да се провери нешто на интернет додека сме надвор, или да провериме е-маил или два. Сега со илјадниците апликации кои се достапни и опсесијата од платформите за социјални мрежи, луѓето ги користат телефоните обично за да се забавуваат. Станавме зависни од технологија и помалку поврзани со себе и светот околу нас.

Запрашајте се себе си: Колку пати во денот го проверувате Вашиот паметен телефон? Дали го проверувате за важни информации и известувања, или ја користите секоја шанса да ѕирнете во него дури и ако немате известувања? Повеќето луѓе ги користат телефоните не само како потреба, туку и од навика. Станавме толку навикнати да ги користиме телефоните какопотпора, додека чекаме маса во ресторан, за да избегнеме непријатен разговор, или само за да избегаме од реалноста.

Сепак, сета таа употреба на мобилните може да се одрази на здравјето и да направи да се чувствувате како зомби. Повеќето од нас немаат ни идеја како би живееле без паметни телефони, но би сакале да споделиме со вас неверојатни бенефити кои би ги имале ако се откажете од него, или барем ако го користете значително помалку. 

ЕВЕ ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧИ СО ВАШИОТ МОЗОК КОГА ЌЕ СЕ ОТКАЖЕТЕ ОД ЗАВИСНОСТА ОД КОРИСТЕЊЕ НА ПАМЕТНИОТ ТЕЛЕФОН: 

За почетници, ајде да зборуваме за тоа колку сме станале зависни од драгоцените паметни телефони.

Во 2015 во еден Истражувачки центар, направена е студија во која 24 % од тинејџерите се приклучуваат на интернет речиси постојано.“ Истражувањата од САД и Европа од 2012 докажуваат дека помеѓу 1,5% и 8,2% од луѓето страдаат од Нарушување поради зависност од интернет. Други извештаи покажале дури и повисока стапка, меѓу 6% и 18,5%. Владата на Кина и Јужна Кореја го класифицирале ова нарушување како главен здравствен проблем на широката јавност. Секако, оние што се родени во новиот милениум ги користат паметните телефони повеќе од било која друга група, што значи дека дури повеќе луѓе ќе страдаат во иднина ако не се преземе нешто за тоа.

Всушност, уметниците и фотографите се обидоа да потенцираат колку болно постанало општеството, и како зависноста од телефоните полека ја уништува поврзаноста со себе и другите. На пример, во серија фотографии Отстранети на Ерик Пикерсгил, се прикажани луѓе кои гледаат во нивните телефони во најразлични ситуации, освен што тој ги отстранува телефоните од фотографиите. На овој начин, може да се види колку исклучени и изолирани се луѓето едни од други.

Како дополнување на изолацијата што ја предизвикуваат мобилните телефони, да се користи паметен телефон премногу често може да доведе до поголеми здравствени проблеми. На пример, ако користите мобилен телефон близу до времето за спиење, телото ќе го измами умот дека е ден и дека треба да сте будни. Многу луѓе кои користат паметни телефони пред спиење, се изјасниле дека имаат проблеми со спиењето, бидејќи вештачката светлина од телефоните ја попречува природната способност на телото да произведува мелатонин.

Исто така, бројни студии покажале дека има зголемување на нивото на стрес кај луѓето што користат паметни телефони често, а други покажале дека орисниците на мобилни телефони може да се соочат со болки во грбот и вратот поврзани со свиткувањето нанапред постојано, за да се гледа во екраните.

Конечно, други студии ги поврзале паметните телефони со намалување на долготрајната меморија како и зависност од тоа да се пребаруваат информации, наместо да се размислува критично.

Па, со откажување од навиката за телефоните, мозокот може буквално да се трансформира бидејќи ќе почнете да се потпирате повеќе на него отколку на мозокот, и за информации и за ново знаење.

Една статија напишана од Џена Вогинрич во The Guardianги потврдува сите точки што се изнесени погоре, при што таа го објаснува нејзиното искуство за откажување од паметниот телефон:

„Јас сум хонорарен писател и графички дизајнер со многу причини да имам мал компјутер во чантата, но не ми недостига. Има многу други начини за да се стапи со мене во контакт помеѓу електронска пошта и социјални медиуми. Кога се вклучувам, тоа е на моја иницијатива. Никој не може да ми го прекинува моето лошо пеење на Hooked on a Feelingсо текстуална порака. Тоа ослободува како и првата ноќ од годишниот одмор.

Мојот телефон постана „телефон“. Повеќе не е мој личен асистент; повторно постана парче мебел – како фрижидерот или софата, два други предмета со кои не би требало многу да се приврзуваме. 

Не се ослободив од него само заради некој хипстерски инспириран идеал или затоа што не сум можела тоа да си го дозволам. Го тргнав од мене затоа што животот ми е подобар без мобилен телефон. Момалку сум дефокусирана и помалку сум достапна, две нешта за кои не сфаќав дека се многу поважни од тоа да се знае колку филмови имал Кевин Клин во 2010 веднаш во моментот. Не може некој да ми пречи освен ако јас не дозволам. Тоа прави една жена да се чувствува богата.“

 

 

1752 comments

Leave a comment