Кога станува збор за модерни роботи, вознемирува фактот дека интелигентните машини може во одреден момент да ги направат луѓето сосема непотребни.

 

И сега, благодарение на познатиот производител на графички картички NVIDIA, овој процес може да стане уште побрз.

Тимот на истражувачи на оваа компанија измислил и создал единствен систем за длабоко машинско учење, преку кој роботите можат да научат како да совладаат одредени задачи, само со следење на тоа како луѓето ги извршуваат тие задачи.

Оваа технологија е дизајнирана да ја подобри комуникацијата меѓу луѓето и роботите и на тој начин да им помогне да работат подобро на работното место.

Иако оваа технологија е сèуште во развој, а роботите сега само движат коцки, кој знае што ќе можат да прават утре?

Развојниот тим на NVIDIA оваа недела ќе ги презентира резултатите од својата работа на нов робот на Меѓународната конференција за роботика и автоматизација во Бризбејн.

 

cnet.com

Leave a comment