Прочитајте ги и запомнете ги овие трикови, можеби ќе ви притребаат.

 

Подготвивме седум трикови кои се покажале како многу корисни.

  1. Ако случајно затворите јазиче, за да го отворите пак:

Windows: Истовремено притиснете Ctrl, Shift и T

MacOS: Истовремено притиснете Cmd, Shift и T

  1. За да зачувате веб страна како PDF:

Windows: истовремено притиснете Ctrl и P, па одберете Save as PDF

MacOS: истовремено притиснете Cmd и P, па од менито одберете Save as PDF

  1. За да најдете книга на Google: на пребарувачот Google  отворете напредно пребарување и одберете формат на дадотеката – PDF,DOC,RTF,DjVu, па напишете го името на книгата.
  2. За да го претворите пребарувачот Google во калкулатор: внесете ја формулата (на пример, 100/1.25 или 18+532) и притиснете Enter.
  3. За да зачувате страна на Фејсбук: ако сакате да зачувате страна на Фејсбук за да ја гледате подоцна, одберете Save link  на горниот дел од страната. За да го видите подоцна она што сте го зачувале, во менито отворете Saved.
  4. За да ја промените големината на фонтот во Word: истовремено притиснете Shift и F3.
  5. За што служат малите испакнатини на копчињата од тастатурата? – Копчињата F и J имаат мали испакнатини. Тие служат за да ви помогнат при пишувањето „на слепо“. Над нив треба да бидат показалците од левата и десната рака.  

Leave a comment