Каменот од вселената кој содржи дијаманти, што експлодира во атмосферата во 2008 година, е дел од загубена планета која припаѓала на раниот сончев систем.

 

Оваа "предок" планета постоела неколку милијарди години пред да се распадне и била голема колку Меркур или Марс. Тим од научници верува дека притисоците потребни за да се создаде таков дијамант се можни само за една планета од оваа големина.

Научниците, со користење на три различни видови на микроскопи, биле во можност да го откријат составот на дијамантските камења, зкои се пронајдени во 2008 година во Нубијската пустината во северниот дел на Судан.

Некои материјали од кои се состојат камењата, може да настанат само на притисок поголем од 20 гигапаскали, и такви услови се можни само во рамките на „големите планетарни тела“, - пишува BBC.

Farhang Nabiei од Сојузниот Политехнички факултет во Лозана, и неговите колеги велат дека нивните мерења обезбедуваат "прв убедлив доказ за постоењето на такво големо небесно тло по неговото исчезнување." Нивните наоди исто така ја поддржуваат теоријата дека планетите на сончевиот систем денес се создадени од остатоците на десетици "прото-планети".

Метеорите кои настануваат од таквите судири се категоризираат како вселенски камења - урелити, кои припаѓаат на помалку од еден процент од предметите кои паѓаат на Земјата. Научниците веруваат дека сите урелитни астероиди може да бидат остатоци од истата прото-планета.

„Небесни тела со големина на Марс беа вообичаени. Тие или се насобирале и сраснувале формирајќи една поголема планета, или се судирале со Соннцето, или биле исфрлани од Сончевиот систем. Студијата дава убедлив доказ дека прото-телата од урелитот формирале една голема „изгубена“ планета, пред да биде уништена во судир“, заклучуваат швајцарските научници.

Leave a comment