После скандалот со Cambridge Analytica и „протекувањето“ на информации од Фејсбук, другите друштвени мрежи бараат начини да не ја изгубат довербата на корисниците.

 

Една од најпознатите апликации за повици и текстуални пораки започна со испраќање на известувања за безбедноста на своите кориници.

„Поради последните настани во врска со сигурноста на друштвените мрежи, ве потсетуваме зошто Viber е најсигурна апликација за праќање на пораки“ – се вели во известувањето.

Во пораката се наведени три причини: „Viber  не може да чита, ниту да слуша ниеден ваш разговор, благодарение на взаемното шифрирање. Можеш да ги избришеш веќе пратените пораки од телефонот на примателот во секое време. Можно е праќање на пораки со ограничено времетраење во тајни разговори“.

Leave a comment