Колку и да напредуваа телефоните во последните неколку години, квалитетот на повиците, односно звукот, не го следи целосно овој напредок.

 

Понекогаш може да имаме проблеми да го разбереме или слушнеме соговорникот дури и со најдобрите телефони, не само со поефтините телефони. Во случај ако не сте задоволни од квалитетот на врска која мобилниот оператор ви ја овозможува, може да пробате нешто друго.

Апликациите, како што се: FaceTime, Google Duo, WhatsApp, Facebook Messenger и Viber, ви нудат можности за телефонски разговори преку интернет.

Сите овие апликации нудат аудио звук кој е скоро еднаков на HD звук кој може да го имате на телефонот. Благодарение на овие апликации, имате можност и за видео повици, но без сите проблеми кои може да ги имате со мобилниот опертатор – под услов да не ви смета некој на интернет поврзувањето.

Leave a comment