После конечното поставување на спецификациите за 5G стандардите, производителите на мобилни уреди започнаа да планираат и одредуваат датуми кога ќе ги претстават своите први 5G уреди.

 

Кинескиот Huawei ќе го лансира својот прв 5G smartphone во втората половина од 2019 година. Оваа информација се појави на слајд, презентиран на глобалниот аналитички самит на експертите на компанијата во Шенжен.

Малку пред тоа ќе се појави  5G мобилен hotspot, кој ќе биде претставен во вториот квартал на следната година.

И телефонот и hotspot-от, треба да ги користат "baseband" чиповите, развиени од самиот Huawei. Кинеската компанија неодамна го претстави моделот Balong 5G01, кој може да стане дел од hotspot-от.

Имајќи јапредвид временската рамка за претставување на идните производи, може да се претпостави дека првиот Huawei 5G паметен телефон би можел да се бидеMate 30, имајќи на ум дека Mate линијата го следи принципот на именување на P-серијата, па моделот Mate 10 оваа година ќе добие наследник Mate 20.

Leave a comment