Дали некогаш сте се запрашале дали работите би биле различни кога нашата планета би се вртела во спротивна насока?

 

BBC Future им го постави ова прашање на научниците кои откриле многу интересни податоци за ротацијата на Земјата.

Ако стоиме на екваторот, Земјата под нас ротира со брзина од 1.670 километри на час, што влијае на движењето на брановите и протокот на воздух.

Кога сè би се сменило, Сахара би била една од областите на Земјата каде што би врнело најмногу дожд, во пустините во Калифорнија би било влажно, амочуриштата во Флорида целосно би пресушиле.

Од друга страна, кога Земјата, на пример, би ја забавила ротацијата, сончевата страна би била потопла, а темната страна на Земјата бизамрзнала. Сепак, земјата постојано забавува, но овој процес се одвива многу бавно.

Денот е 1.7 милисекунди подолг отколку што бил пред илјада години, и со тоа темпо, Земјата би запрела да се ротира за 1.9 трилиони години.

За споредба, универзумот е стар околу 14 милијарди години.

Leave a comment