Човечката интелигенција во голема мера зависи од условите во кои смерастеле. Децата кои се доброхранети и растат во релативно незагадени услови во просек постигнуваат подобри резултати од оние кои не се.

 

Но, генетиката игра главна улога во тоа колку сме интелигентни. Студии за близнаци покажуваат дека 50 до 80 проценти од варијациите во интелигенцијата може да се припишат на гените. Но, изнаоѓањето на вистински генетски варијанти или алели се покажало како голем предизвик.

Досега, истражувањата на ДНК на стотици илјади не-човечки субјекти покажуваат дека само 30 проценти од варијантите одат од родители на деца, т.е. тие се наследни. Големиот„јаз“ помеѓу студијата за близнаци и генетските истражувања ги збуни научниците.

Сега има повеќе од 500 гени поврзани со интелигенцијата кои се идентификувани во најголемата студија од овој тип. Научниците користеле примероци од институцијата UK Biobank и ги споредиле гените од повеќе од 240.000 луѓе.

Нивната анализа идентификувала 538 гени одговорни за интелигенцијата, како и 187 региони на човечкиот геном одговорни за логички процеси и размислување. Некои од овие гени исто така се поврзани со некои други биолошки процеси, како што е долг живот.

Но, дури и со ова ново знаење, многу е тешко да се предвиди нечија интелигенција од неговите гени. Од сите луѓе чии гени се користени во студијата, само седум проценти точно ги поврзале гените и коефициентот на интелигенција (што претставува несовршен индикатор на интелигенција).

Студијата, во која се анализирало семејство од Шкотска, покажа дека интелигентни луѓе имаат помалку ДНК мутации кои влијаат на генетиката, но исто така и целокупното здравје, наместо она што научниците го предвиделе - а тоа е дека имаат повеќе генетски варијанти кои ги прават попаметни.

"Ова е едно од највозбудливите истражувања што сум ги видел", вели генетичарот Стив Стјуарт Вилијамс.

Една од импликациите е дека со генетска терепија (генетски инженеринг) не само што ќе може да се „поправаат“ стотици штетни мутации, туки и личностите ќе бидат попаметни, нема да им се подобрува само здравјето.

"Мислам дека ова покажува колку е генетската терапија важна за иднината, но сега гледаме дека тоа се две муви со еден удар“, вели етичарот Кристофер Џинџелод Оксфорд.

Leave a comment