Зависноста од паметните телефони не е нова работа и сите сме свесни дека премногу сметаме на нив. Телефонот веќе не е само средство за работа и комуникација, туку речиси е и главен забавувач, „утешител“...

 

Без разлика дали признавамеили не, без нашиот паметен телефон се чувствуваме како зависник кој плаче. За оваа состојба не е виновен само по себепаметниот телефон, туку мноштво на апликации, но, исто така, и нешто друго. Големите играчи како Инстаграм и Фејсбук,го користат знаењето од психолозитеза да креираат апликации кои ќе го разбудат интересот на корисниците, но, исто така, ќе ги натераат постојано да се враќаатпо нови содржини и искуства.

Како го прават тоа? Сопостојани известувања, вести, нови функции, но исто така бараат од корисниците да реагираат на понудената содржина.

Така, на пример, Instagram им испраќа на своите клиенти на паметните телефони десетици известувања секој ден, повикувајќи ги да ги погледнатприказните (stories) за да дознаатшто прават другите корисници и да ги охрабрат да направат нивни „приказни“.

Известувањата ви се наменети само вам и ве покануваат да се вратите на апликацијата. Ова е најдобриот начин за привлекување на корисници, - изјави Ренди Нелсон, аналитичар во Sensor Tower.

"Stories" или приказни, кои се копии на Snapchat приказните“, се одличен начин да се изгуби времето на Инстаграм.

Инстаграм е совршена дрога за новите генерации кои светот ги доживуваат низ призмата на визуелното. Големиот број фотографии и видеа, новите филтри со кои можат да ги преправаатфотографиите, но и способноста да се изразат креативно, привлекуваат милиони корисници.

Твитер користи малку поинаква тактика - методот на очекување, за дополнително да го привлече вниманието на корисниците. Бидејќи секогаш кога некој корисник ја вклучува апликацијата, прво го здогледувасиниот екран со птицата од Твитер. Тоа нема никаква врска со бавна интернет конекција или стар уред, но тоа е специјално дизајнирана тактика. Корисникот сака да види што има ново, штолежи зад синиот екран.

Фејсбук за својата компонента на зависнот“, може да се заблагодари на фактот дека корисникот може да го користи својот профил на Фејсбук за да се логира во други апликации или услуги.

Покрај тоа, Фејсбук ги користи емоциите на корисниците за да стане неизбежен дел од нивните животи. Со опциитеСпомени или Тоа се случи на овој ден“, ги привлекува корисниците да се потсетат на она што тие тој ден во минатото правеле, како се чувствувале, со кого и каде биле...

Snapchat користи од „пламен“ за да ги привлече корисниците, односно гинаградувакорисниците кои секојдневно се допишуваат или разменуваат фотографии со друг корисник. Да се одржи „пламенот“, односнопостојаната размена на пораки од ден на ден, стана прашање за престиж меѓу тинејџерите низ светот.

Leave a comment