Што ако климатските промени го стопат мразот преку ноќ?

 

Дали би се удавиле во водата? Дали поголемиот дел од твојата држава ќе биде поплавена? Дали би уживале ако полека се гушите?

Дали некогаш сте гледале како коцка мраз се топи во чаша полнадо врв со вода? Дали го променува нивото на водата? Вистината е, дека не го променува. Над или под линијата на водата, стопената коцка мразго заменува точно истиот волумен од водата.

Што би се случило ако додадеме сол во водата? Во случај на коцка мраз од еден кубен инч, нивото на водата во чашата ќе порасне за 0,03 кубни инчи. Toa зголемување е истисната солена вода. Волуменот се зголемува за 2.6%. Навистина мало количество, нели? Но, што ако го примениме ова кај глечерите и кај санта мразот? 5,8 милиони квадратни милји од нашата планета се покриени со мраз. Ако се стопи целиот тој мраз преку ноќ, нивото на морето ќе порасне секаде за околу 230 стапки.Тоа е доволно да го покрие лондонскиот мост. Сите седум континенти би биле делумно под вода. Нема да постојат Мајами и Лондон. Крајбрежјето на Австралија би било збришано, заедно со 80% од населението. Исто и Венеција и Холандија. Нештата не би биле толку лоши за Африка. Но, со екстремните топлински бранови кои би следеле, не би можело да се живее на поголем дел од континентот.

Мислите дека поплавите би го збришале човекот целосно? Па, не сосем. Но кој и да преживее, ќе мора да се соочи со голем број опасности. Целиот стопен мраз ќе ослободи јаглероден диоксид во воздухот. Пред се, на мразот му е потребно големо количество на јаглерод диоксид за да се стопи. Сметајќи дека содржината на кислородот во воздухот би останала иста, луќето би почнала да се гушат. Би имале малку време за да се прилагодат на нивите услови. Океанските струи би го смениле правецот на движење, а тоа би влијаело на живиот свет во морето. Немајќи време да се прилагодат на екстремните промени,  живиот свет во морето и поларните животни би се соочиле со масовно истребување. Тие што би преживеале, принудени би биле да ги напуштат домовите и да најдат подобро место за живеење. Тоа би ја намалило залихата од храна за човекот.

Промената на морските струи значи и значителни промени на временските услови. Обилни врнежи од дожд би имало во пустините, а места кадешто претходно имало значителни врнежи од дожд, би останале суви. Ова би го уништило земјоделието и би предизвикало глад насекаде. Би се промениле и насоките на ветерот.

Без мразот, кој ги рефлектира сончевите зраци, сонцето би користело повеќе од влагата од океаните и така би се создавале повеќе облаци. Облаците, прво, би се собирале околу планинските области, и од обилните дождовни, можно е да ги поплават. Океанските урагани би се случувале почесто, предизвикувајќи уште повеќе поплави. Дури и намалите земјотреси настрана од крајбрежјето, би ги уништели околните региони со огромни цунами.

Сето ова би предизвикало глобална миграција со којашто владите не би можеле да се соочат. Светот, како што го знаеме денес, би доживеал колапс.

За среќа, мразот не може да се стопи преку ноќ. Но, се топи. Дури и најстарото јадро мраз коешто собира информации за климата на Земјата околу 1, 5 милиони години.

Ако продолжиме да додаваме „масло на огнот“ за климатските промени, за 5 000 години на земјата не би имало воопшто мраз.

Leave a comment