Британскиот астрофизичар Стјуарт Кларк, автор на книгата “Unknown Universe”, објасни за „Бизнис инсајдер“ зошто поединци сè уште веруваат дека земјата е рамна. 

Ова е неговата изјава:

„ Очигледо е дека Земјата не е рамна. Може да проверите на многу начини, на пример, кога бродовите го напуштаат пристаништето и полека исчезнуваат во хоризонтот. Кога ќе се качите на врвот на највисоката кула или рид, гледате повеќе од хоризонтот.

Целата наша физиономија е создадена во склад со тркалезна планета, светот е тридимензионален. И покрај сликите од вселената кои докажуваат дека нашиот свет е еден глобус, некои луѓе веруваат дека Земјата е рамна.

Постојат приказни кои можат да ги доведат во прашање и егзактните науки и постоењето на универзумот.

Тие приказни се многу комплицирани бидејќи луѓето кои веруваат во нив ја негираат реалноста, па и науката, благодарејќи им на „удобните“ митови во кои веруваат. Во својата приказна се чувствуваат како дома, митовите ги усреќуваат бидејќи им се познати.

Теоријата за рамна плоча е една од нив. Ако секогаш верувате во тоа, тогаш поставете си себе си неколку прашања. Колку е дебела таа плоча? Велите – Земјата има рабови, зарем нешто не би паднало од нив? Како се генерира гравитацијата за да можат да се „префрлаат“  работите преку рабовите? Рамната површина е многу нестабилна, што значи дека други сили би ја терале да биде флексибилни и постојано да се поместува.

Тешко е воопшто да се говори за тоа што би било кога Земјата би била рамна затоа што тоа е невозможно“ – заклучува Кларк во своето излагање.

Leave a comment