Сакате да читате пораки на Messenger, а не сакате да знае испраќачот дека сте ги прочитале? No Seen е апликацијата која ви треба!

No seen е iOS апликација која е бесплатна, а ви овозможува да ги читате примените пораки на Messenger, а за тоа да не знае личноста или групата која ви ја испратила пораката. Доволно е да ја инсталирате апликацијата, да го овозможите блокирањето на “seen” опцијата и тоа е тоа – личноста која ви ја испратила пораката нема да види дека сте ја прочитале.

Оваа апликација е направена со поддршка за сервисите на Apple Security, и може да се користи со Touch ID, Face ID или PIN заштита.

Компанијата StackWarez овозможува и техничка поддршка за апликацијата, а “No Seen” апликацијата може да ја симнете од AppStore линкот бесплатно.

Leave a comment