Тим од палеонтолози пронашол фосили од нов вид диносаурус кој живеел во долината меѓу Австралија и Антарктикот пред околу 113 милиони години. 

Диносаурусот, кој спаѓа во групата орнитоподи, бил со изглед на мисирка, се хранел со билки, и се движел на две нозе.

Скелетните остатоци од овој диносаурус со име Dilivicursor Pickeringi се пронајддени на морски карпи во близина на Кејп Отвеј во државата Викторија. Изгледа дека диносаурусот се заглавил и благодарение на тоа, скелетните остатоци се зачувани милиони години.

Главниот палеонтолог Мат Херне изјави дека ова откритие покажало дека постоеле два телесно сродни видови орнитоподи во тој дел од Австралија. Едниот бил со послаба градба и многу долга опашка, додека другиот, Dilivicursor, бил со поцврста градба и со пократка опашка.

Според досегашните истражувања, овој диносаурус бил одличен „тркач“, со развиени мускули на нозете.

Нивната големина варирала од 1,5 до 7 метри и можно е подоцна да еволуирале во понапредни видови.

Leave a comment