Холандската компанија „Тревис“ на саемот за електроника во Лас Вегас го претстави уредот кој во реално време преведува 80 јазици. 

„Технологијата нас не поврзува онолку колку што можеме меѓусебно да се приближиме, но вистинското поврзуванје нема да се случи се додека сите меѓу себе не се разбираме“ рече Роб Селандер, претставникот на „Тревис“. Тој додаде дека оваа компанија сака да „ги сруши бариерите меѓу јазиците“.

Уредот користи компјутеризирана „клауд“ база на податоци за комбинирање на 80 јазици, а компанијата работи и на дигитализација на помалку познатите јазици кои се зборуваат во светот.

Елиса Глори, менаџерот на оваа фирма, изјави дека „кога јазикот еднаш ќе се дигитализира, не само што може да се користи во технологијата за преведување, како „Тревис“, туку помага и за едукација и негово зачувување.“ Таа додава дека дигитализирањето на јазици им помага на говорителите на јазиците да ја искористат предността на технологијата со користењето на гласовни команди на компјутерите или користењето на виртуелни асистенти.

Уредот за преведување „Тревис“ се продава по цена од 199 американски долари.

Leave a comment