Веќе некое време се зборува за тоа дека паметните телефони го запамтуваат движењето на корисниците, што и не е големо изненадување.  Причина за загриженост е ако тоа се случува и кога телефонот не е активен, кога нема инсталирани апликации, или сим картичка.

 

Уредите кои го поддржуваат Андроид оперативниот систем собираат податоци за местоположбата на корисниците, и ги праќаат до Google секогаш кога ќе се поврзат на интернет.

Според истражувањата, Андроид уредите уште од почетокот на 2017 година, ја одредуваат локацијата на најблискиот предавател дури и кога сервисите за лоцирање се исклучени.

Од компанијата го потврдуваат ова, и додаваат дека податоците никогаш не се користени или зачувани, и компанијата работи на тоа да го прекине овој начин со кој се нарушува безбедноста на корисниците. Се очекува до крајот на ноември Андроид уредите да престанат да ги испраќаат овие информации до предавателите. Од Google известуваат дека од јануари започнале да користат Cell ID код за подобрување на сигналот за да се забрза испраќањето на пораките, но податоците кои се добивале н аовој начин биле автоматски бришени.

Не е јасно како праќањето информации до најблискиот предавател го забрзува испраќањето на пораки, но е јасно како влијае на приватноста на корисниците. Еден предавател може да ја даде приближната локација на корисниците, но кога има повеќе предаватели како што е случајот со урбаните места, тогаш се дава попрецизна локација на корисникот.

Иако податоците кои се праќаат до Google се енкриптирани, може да дојде до злоупотреба во случај на хакерски напад. Секој уред има единствен ID број со кој податоците за движење на корисникот на крај може да се поврзат.

 

Препорака до сите корисници е да не го користат уредот или апликацијата за локација освен во случаи кога им е навистина неопходна. 

Leave a comment