SurfacePage е таблет кој ја чува животната средина и ви овозможува да ги средувате вашите документи без да ги печатите. Ова е единствената направа која драстично го намалува користењето на принтерот, а го забрзува текот на работата.

 

Оваа направа за момент ги префрла документите од вашиот компјутер на SurfacePage таблетот со што ви овозможува брз пристат дo било кој документ на кој треба да работите а при тоа да не испечатите ниту една страница.

 

Штом завршите со работата SurfacePage го менува документот и праќа назад до вашиот компјутер. Со цел да ја заштити вашата приватност оваа направа има опција за бришење на сета работна историја и ред други подесувања.

Leave a comment