Научници од Универзитетот Вашингтон, во Сиетл успеаа да направат мобилен телефон кој што енергијата потребна за неговото функционирање ја црпи од околината и тоа му овозможува да работи без батерија.

 

Прототипот на уредот е заснован на технологија која што му овозможува да рефлектира радио бранови и на тој начин да се оствари комуникација.  Иако денешните мобилни телефони бараат голема количина на енергија за да функционираат, овој уред користи аналоген начин на комуницирање. телефоните без батерии можеби не нудат најдобар прием, но тие функционираат, пишува WIRED. 

„Конвертирањето на човековиот глас во дигитален сигнал бара многу сила. Ако можете да комуницирате по аналоген пат тогаш сте енергетски ефикасни - вели еден од научниците на проектот Вемси Тала.“

389 comments

Leave a comment