Научниците откриле една нова планета која спаѓа меѓу малобројните вселенски тела на кои би можел да се развие некаков облик на живот, пренесува магазинот „Nature“.

 

„Не можевме да најдеме подобра цел во потрагата по докази за живот надвор од Земјата“, рече за ова откритие коавторот на студијата Џејсон Дитман од Центарот за астрофизика во Кембриџ, САД.

Оваа интересна планета наречена “LHS 1140b”, се наоѓа во орбитата на една ѕвезда во соѕвездието Кита, оддалечено од Земјата 40 светлосни години, односно 378.400 милијарди километри.

Оваа планета не е прв „роднина“ на Земјата што ја откриле астрономите, но има „многу предности“, рече Хавиер Бонфис, кој признава дека е многу возбуден заради ова откритие.

Орбитата на оваа „егзопланета“ се наоѓа во насе зона на орбитата околу ѕвездата, односно на „вистинска оддалеченост од неа, што овозможува на површината да има течна вода, што е неопходно за живот“, рече Дитман.

Оваа планета има пречник 1,4 пати поголем од пречникот на Земјата и шест пати поголема маса, а астрономите заклучиле дека е карпеста, исто како Земјата.

„Да се надеваме дека има атмосфера“, рече Бонфис, астроном во Научната опсерваторија на Универзитетот во Гренобл.

За евентуално да пронајдат живот, научниците бараат планети слични на Земјата и во февруари оваа година соопштија дека откриле седум такви планети, од кои е можно на три на површината да има вода во течна состојба.

 

Овие планети ротираат околу џуџеста ѕвезда наречена “TRAPPIST-1”, а новооткриената планета “LHS 1140b” влезе на „врвот на оваа табела“, објавија научниците.

1017 comments

  • FarimfScorp FarimfScorp 15 Dec 2017

    http://cialisoakdm.com/
    cheap cialis no prescription
    [url=http://cialisoakdm.com/]cialis reviews[/url]
    buy cialis from india
    order cialis

    Reply
  • tynigh tynigh 15 Dec 2017

    indian pharma my canadian pharmacies
    canada prescription drug prices northwest pharmacy in canada
    walmart prescription prices

    Reply
  • Edwinindug Edwinindug 15 Dec 2017

    online viagra mastercard
    viagra without a doctor prescription
    viagra boots price
    viagra without a doctor prescription
    best online prices for viagra
    viagra no script
    confessions of a viagra salesman
    viagra without prescription
    sildenafil generico precio peru

    Reply

Leave a comment