За прв пат во светот научници успеаја да направат посебна структура за складирање енергија наречена суперкондензатор и да ја постават во растение. Растението, ружа, може да се полни и да се празни стотици пати. Ова откритие е резултат на истражувачките напори на Лабораторијата за органска електроника на Универзитетот Линкопинг во Шведска.

Во ноември 2015 година истражувачката група ги претстави резултатите и покажа дека успеале ружите да апсорбираат проводлив раствор од полимери. Проводливиот хидрогел се задржал во стеблото на ружата во форма на жици. Со поставување електрода на секој крај се добива целосно функционален транзистор. Научниците експериментирале со скинати ружи, но истото може да функционира и со живо растение.

Еден од истражувачите за оваа намена креирал и посебен материјал. Материјалот полимеризира во ружата без надворешно влијание. Течноста којашто тече низ ружата потоа креира долги нишки низ целото растение до листовите и цветовите.

777 comments

Leave a comment