22 годишниот Џавад Пател, студент по инженерство од Хајдерабад, Индија развил 3D авто-пополнувачки уред за вода кој може да го претвори влажниот воздух во 1.8 литри вода за само еден час.

Пател работел на неколку пронајдоци уште од неговата 10-та година. 3D печатарите се доста импресивни. За само неколку часа можат да создадат неверојатни, комплексно дизајнирани предмети од пластика, течна смола или метален прав. Меѓутоа дури и 3D печатарот не може да направи нешто од ништо. Но, оваа задача може да ја изврши таканаречениот уред „Dewdrop“, кој бил создаден по пат на 3D печатар, и бил развиен од студентот Џавад Пател. Уредот може да создаде вода за пиење само со користење на воздухот oд атмосферата. Во влажни услови, уредот може да произведе речиси 2 литри вода за само еден час и околу 1.2 литри во посуви услови. 

Уредот звучи како магија, но всушност едноставно ја собира моќта на кондензацијата. Уредот дури може да ги филтрира непознати материјали како што е прашината со UV филтер, одделувајќи ги несаканите работи од минерализираната материја. 3D печатениот уред бара 12 волтен приклучок и електрична енергија од 6.000 mAh. Иако сега во моментов се напојува со батерии, може да се направи да ја користи сончевата енергија преку соларни панели. 3D печатениот уред може да има повеќе намени, како што е генерирање на вода за пиење во области погодени со суша, а има и опција за ладно/топло, со што е идеално за луѓето кои живеат во студена клима или едноставно за оние кои сакаат кафе/чај. 

Ова не е првиот уред на Пател. Тој претходно развил „паметен шлем“ кој ги спречува мотоциклистите да го запалат моторот ако пиеле премногу или ако го надминуваат нивото на алкохол, автоматски предупредувајќи ги итните медицински служби во случај на несреќа.

Како признание за неговите достигнувања, Пател бил номиниран за две значајни награди во неговата родна земја: Националната награда за млади 2015-16, која се доделува на учесниците на возраст од 15 до 29 години кои постигнале извонредност во областа на националните и социјалните услуги, и наградата за извонредност „Д-р. Абдул Калам“ 2016, награда која ги признава придонесите за научен развој и хуманистички науки.

2230 comments

Leave a comment