Се чини дека во светот на игрите завладеа Покемон грозницата.

Nintendo минатата седмица во соработка со Nianticom ја лансираше играта Pokemon GO која е достапна за iOS и Андроид оперативниот систем. Откако беше пласирана играта на пазарот, се предвидуваше дека истата би можела да го зголеми профитот на компанијата за 450 милиони американски долари.

Оваа нова атракција можете секаде да ја играте дури и во вашиот двор. Покемони излегуваат пред вас, преку вашиотsmartphone,а вие ги гледате преку специјални очила. Фрлате PokeBalls кон нив со цел да ги фатите и ги додаватае на вашата колекција Pokedex. Исто така можете да го однесете вашите покемони во локални спортски сали каде ќе се борат со други локални шампиони.

Помина само една седмица од лансирањето на Pokemon GO, а се чини дека играта веќе е инсталирана повеќе пати од Tinder. Според податоците на SimilarWeb, Покемоните сега се инсталирани на 5,16% од паметните телефони кои што работат на оперативниот систем Андроид во САД, додека само за споредба, Tinder е инсталиран на само 2% од уредите.

Вработените не можат да престанат да ja играат pokemon go на работа, па компанијата Boeing мораше да ја забранат

Исто како што не треба да ја Играте Pokemon go и да возите исто така не треба да се игра додека сте на работа. Забраната е дупла доколку сте вработени во компанијата Боинг која донесе забрана за играње на играта.

Проблемот не бил само во инсталирањето на играта на своите мобилни уреди, најверојатно се игнорирала работа и задолженијата поради што се ловеле Pikachu и пријателите.

Тоа е веројатно дека и други компании ќе преземат слични мерки против вработените кои посветуваат одредено време на Pokemon go во текот на нивното работно време. 

                                                                            

 

Leave a comment