Првенството во Втората лига - Исток е закажано со старт на 18 август,  но дали таму дебитантскиот, историски настап ќе го има Партизан од Обршани сеуште не е познато, поради недостиг на финансиски средства.

 

Партизан го постигна најголемиот успех и стана втор клуб во регионот на ОФС Прилеп. Тоа што долго време беше 11 Октомври, сега е Партизан. Поради тоа имаат добра соработка и со ФК Победа од Прилеп.Од ФК Победа се дојдени 15 младинци и неколку сениори за комплетирање на младинската и сениорската екипа. Експертите сметаат дека сениорите имаат доволен квалитет за опстанок. Се предвидува и дека е можно и место во средината од табелата. Од досегашните фудбалери, почнувајќи од голманите Христијан Сркески и Томче Петкоски, никој не заминал, а дојдени се засилувања. Гаранција за висок дострел се докажаните тренерски имиња на Горан Тодоровски и Круме Митрикески.

Тренинзите на стадионот кај Могилата се одвиваат веќе еден месец. Одигран е и еден пријателски натпревар со младинците од Победа. Ждрепката уште не е извршена. Се очекува распоредот на натпреварите.

Конкуренти во Втората лига - Исток се: Борец (Велес), Брегалница (Штип), Вардар (Неготино), Тиквеш (Кавадарци), Детонит (Радовиш), Саса (М. Каменица), Китго (Пехчево), Кожуф (Гевгелија) и Плачковица (Радовиш).

Пријателските и првенствените натпревари Партизан ќе ги игра на Могила. Тоа го дозволила ФФМ. Според ова, теренот во Обршани ќе биде на располагање на други екипи. Покрај локалниот општински лигаш Обршани, интерес пројавил и третолигашот Напредок Крушеани.

                                              

 

 

Извор на веста: zenitprilep.com.mk

Leave a comment