На 27.05.2018 во Прилеп, спортска сала на ООУ Добре Јованоски се одржа Државно Првенство за Помлади Пионери-ки и Кадети-ки.

 

Првенствата беа во органнизација на Џудо Федерацијата на Македонија и техничка организација на Џудо Клубот СЕИШИН-Прилеп. На овие Првенства настапија вкупно 18 клубови со околу 200 натпреварувачи.

Џудо Клубот СЕИШИН-Прилеп настапи со вкупно 26 натпреварувачи а освоено се 21 медал (6 златни, 6 сребрени и 9 бронзени).

Резултати поединечно:

Помлади Пионери:

1.    Сеадин Рустемоски кат. -46 кг. 1-во место

2.    Никола Магдески кат. -42 кг. 2-ро место

3.    Димитри Џокоски кат. -55 кг. 2-ро место

4.    Даниел Каралиоски кат. -30 кг. 3-то место

5.    Стефан Врглески кат. -50 кг. 3-то место

6.    Давор Најдоски кат. -27 кг. 3-то место

Помлади Пионерки:

1.    Теа Настоска кат. -28 кг. 1-во место

2.    Теодора Тасеска кат. -48 кг 1-во место

3.    Анастасија Кузманоска кат. -24 кг. 2-ро место

4.    Матеа Дамческа кат. -44 кг. 2-ро место

5.    Теона Настоска кат. -28 кг. 3-то место

Кадети:

1.    Јован Најдоски кат. +90 кг. 1-во место

2.    Марио Цинцароски кат. +90 кг. 2-ро место

3.    Христијан Тошески кат. -90 кг. 2-ро место

4.    Марко Тодорчески кат. -55 кг. 2-ро место

5.    Валентин Димитриоски кат. -81 кг. 3-то место

6.    Андреј Трајкоски кат. -55 кг. 3-то место

7.    Орде Трајкоски кат. -73 кг. 3-то место

Кадетки:

1.    Магдалена Најдоска кат. -44 кг. 1-во место

2.    Наталија Столеска кат. -52 кг. 3-то место

3.    Фросина Стеваноска кат. -63 кг. 3-то место

Одлични борби прикажаа и дебитантите кај Помладите пионери (Борис Џагадуроски, Петар Врглески, Даријан Мицкоски) и Пионерките кои настапија за Кадетки (Вероника Белушанец и Леона Настоска) но не успеаја да изборат место на пиедесталот.

Џудо Клубот СЕИШИН Прилеп е задоволен со остварените резултати и ги продолжува своите тренинзи и подготовки за наредните Државни Првенства и Турнири.

Leave a comment