Фудбалерите на Победа со вчерашната минимална победа над Ренова од 1-0 на стадионот Младост во Струмица во конечниот пласман на крајот на сезоната 2017/2018 го освоија 8-то место.

 

Стрелец на единствениот гол(8-ми оваа сезона-сите во пролетниот дел) беше Зоран Даноски во првата минута од судиското надополнување на крајот од првиот дел. Даноски и Гешоски се први клупски стрелци со по 8 голови,а веднаш зад нив е Филип Најдовски со 7 постигнати голови. Ваквиот пласман на црвено-белите значи дека опстанокот ќе мора да го потврдат на бараж меч, кој ќе се игра на 2-ри јуни, во кој противник ќе биде победникот од претходниот барж на 29-тти мај меѓу Борец и Гостивар, второпласираните екипи на крајот на првенствата во двете групи на Втората лига.

По се она низ што помина клубот и тимот оваа полусезона, кога не беше одигран ниту еден меч во Прилеп, што е огромен хендикеп во грчевитата борба за опстанок во која секој меч имаше квалификациски карактер, баражот се чини е максимумот ако се знае и дека екипата на неколку мечеви беше оштетена за неколку бода кои ќе беа драгоцени во борбата за опстанок. Но работата е само половина завршена кога е во прашање опстанокот, затоа што престои клучниот натпревар за потврда на прволигашкиот статус и во следната сезона 2018/2019-тта. Престојат пресудните две седмици максимален фокус за 90-минутниот дуел со победникот од дуелот Борец-Гостивар, период во кој екипата ќе се освежи по напорната пролетна полусезона, но и максимално ќе се анализираат противниците и ќе се кова соодветна стратегија. Во секој случај сите во клубот и менаџментот, Стручниот штаб и играчите се свесни за значењето и што носи на Победа тој меч. Затоа се треба да биде подредено на успешно реализирање на зацртаната мисија од јануари-опстанок во Првата лига, а потоа ковање на планови, стратегија за тоа како во следната сезона.

Leave a comment